Уставниот суд бележи прилив на примени иницијативи и новоформирани предмети во периодот на месеците август и септември.
Според статистиките кои ги води Уставниот суд оформени се 53 нови предмети во периодот од 1 август до 30 септември 2023 година.
Судот тековно информираше за дел од предметите со оглед дека станува збор за прашања кои се од интерес на јавноста. Меѓу нив се оспорените измени на Законот за облигациони односи и Законот за извршување, иницијативи поднесени од Министерството за правда со оспорени рокови за објавување на актите, Законот за работните односи.
Во денешното соопштение Судот ги објавува сите останати предмети по кои се постапува, меѓу кои и два предмета во кои се оспорени законските измени на Кривичниот законик, предмет во кој е оспорена Oдлуката за определување и промена на имиња на улици и плоштади на подрачјето на Град Скопје, донесен од страна на Советот на Град Скопје, законски измени на Законот за урбанистичко планирање итн. Некои од предметите се веќе ставени и на седница за дискусија и одлучување.