Доделена државната награда 23 Октомври

Сподели

 

Денеска, 23 октомври 2023 година во Кристалната сала на Собранието на РС Македонија, во 12:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“ ја додели државната награда „23 Октомври“ за 2023 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Северна Македонија.

 

 

За остварување во областа на науката и образованието, наградата им се додели на тимот за трансплантација на црн дроб: проф. д-р Зоран Караџов, проф. д-р Светозар Антовиќ, доц. д-р Бети Тодоровска, прим. д-р Татјана Спировска и проф. д-р Маја Мојсова-Мијовска; и на универзитетскиот проф. д-р Африм Османи. 

За остварување во областа на културата и уметноста наградата им се додели на: проф. м-р Роберт Јанкулоски, визуелен уметник и на Блаже Миневски, писател.