На собраниската седница, двајцата пратеници на Левица, Крмов и Апасиев, со фрлање на амандмани ја прекинаа седницата со пола час пауза. Причината за ваквиот спектакл во собранието според Левица е широката коалиција СДС-ДУИ-ДПМНЕ насилничнички и неделовнички ги одби амандманите на Левица.
Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев по однос на амандманите за спречување на носењето штетен и недемократски Деловник).
„Еве го ‘Жан Моне’ процесот! Одличен е! Европски, по сите стандарди, по сите шверцерски стандарди на ДУИ. А Вие како слуга на ДУИ, супер си ја извршивте функцијата. Ако ви треба ПАРОДИЗАЦИЈА на процесот – еве ви го.“
Пратеникот Борислав Крмов, кој имаше процедурална забелешка, фрлаше со листовите од амандманите и ги искрши компјутерот и телефонот пред претседавачот на Собранието.
„Недоразбирањата“ почнаа откако Левица поднесе над 2000 амандмани за Предлог-Деловникот на Собранието, а Џафери, посочи дека само 12 од поденсените 2461 амандмани на партијата се уредни, а останатите не.
Инцидентот следеше откако 87 пратеници не го прифатија барањето на Левица да се повлече деловникот од денешната расправа. Седницата ја прекина спикерот Талат Џафери.
За инцидентот во Собранието реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ.