ЈСП денес и утре ќе вози по изменет возен ред

Сподели

 

Денеска, 31 декември и понеделник, на 1 јануари, јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, при што на 1 јануари првите вклучувања на возилата ќе бидат подоцна од вообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред, информираат од ЈСП.

Од вторник, 2 јануари, јавниот превоз ќе продолжи да функционира вообичаено, односно по редуциран делничен зимен ред, кој ќе важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.

На 31 декември и на 1 јануари, билетарниците и центрите за персонализација, нема да работат. Од вторник, тие ќе продолжат со вообичаено работно време.

Жичарницата денеска, на 31 декември, ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот, а утре, на 1 јануари, од 11 до 17 часот.