Овој видео запис е втор од четирите спотови кои се поврзани во приказната на „Девојчето со долгата коса“, според истоимениот албум кој беше промовиран на крајот од 2023та година.
Бегаш е крик на македонската уметница Стефанија, пејачка, која аудио визуелно ја доловува колевката на македонскиот народ и повикува кон себеосвестување, осврт кон својот корен, кон својата земја, кон својата вистина. Песна која ги повикува сите кои бегаат од својот дом да погледнат наназад од таму каде што стигнале и да ја вратат својата љубов кон земјата што ги израсна, затоа што сега најмногу и се потребни.
„Во ова невреме за сите нас кои живееме тука во нашиот дом, Македонија, правам промоција на видео записи во кои е всадена суштината за нашето постоење. Немам сила да го пренесувам крикот на оваа пресија на уметникот, кој веќе станува и ограничен во својот израз.
Јас го одбирам патот на љубовта, покрај сите потешкотии, без поддршка од Општина, од Држава, сама создавам и творам со целото срце. Безнадежно е, но нема да Бегам од СЕБЕ, нема да Бегам од својот корен, нема да Бегам од својата Боженствена мисија. Сé е минливо, а ДЕЛАта остануваат!
“Бегаш и бегаш и никаде не стигаш.
Почни да бараш, да пронајдеш нешто што живот значи и љубов зрачи.
Погледни во себе, погледни во тебе, Погледни и разбери, ти далеку си веќе.” Девојчето со долгата коса Стилот на песната е современ синт поп со етно-џез примеси, составен е од авторска музика и текстови на Стефанија, снимани во музичкото студио Welcome to Stefanija’s Music World.
Претходно направениот аранжман на Петар Димитровски, добива нов аранжман од Стефанија, на кој свири гитара Владимир Враниќ, а нов микс и целосен мастеринг прави Владимир Аговски, кој на магичен начин ги спаси старите демо верзии и ги оживеа во нови дела.
Прекрасните видео записи ги изработува уметникот зад камера Владимир Бошковски, а видео монтажа и режија прави сама Стефанија, која всушност е и продуцент на делото со Аудио и Видео Продукцијата – Welcome to Stefanija’s Music World.
Локациите на кои се снимаше спотот се местата од кои е посебно инспирирана – Анастасија Центар Битола ( Anastasija Center – Performing arts, Fashion, Dance & Music Center ) и еден од најстарите и најубавите манастири во Македонија Манастирот Трескавец – Света Богородица (Прилеп), издигнат високо над карпите со поглед кон Баба, Кајмакчалан и Бабуна, го има најстарото фрескосликарство од XIV век. Идејата е да бидат презентирани убавините, природните богатства и историските наследства на Македонија. Сите костими кои ги носи Стефанија се дело на нејзината мајка, моден дизајнер Анастасија Зулевска. За фризурата на Девојчето со долгата коса се погрижи Габриела од салонот со претставништво во Чикаго (Goran Coban/Chicago Hair Salon).
Идејата на албумот „Девојчето со долгата коса“ е откривање на себеси како единка која се наоѓа на ова македонско тло, носејќи ги со себе менталитетот и културата кои влијаат врз градењето на една личност. Со акцентирање на детето, кое прераснува во возрасна и свесна личност, повторно се враќаме на основните и суштински детски потреби и вистинските вредности како хуманост, љубов и среќа. Тие водат кон подигнување на свеста и осознавање на духовната слобода. Емотивните состојби во кои поминува една личност во порцесот на себеосвестување, падови и возвишувања,
се пренесени преку текстовите на Стефанија. Таа има за цел на овој начин да ја подигнува свеста и да провоцира основни прашања кон себеспознавањето. Да акцентира колку еден човек е важен да се пронајде и открие себеси, па така на позитивен начин да влијае на колективната свест. Се претставува како комплетен артист, пренесувајќи посебен однос кон сцената на современиот македонски уметник.
Стефанија Милевска Враниќ е музички артист, дипломиран музиколог по поп и џез пеење во Софија, Бугарија. Моментално посетува Магистерски студии на филмската академија УГД Штип, отсек методологија и педагогија на современ танц. Стефанија е уметнички директор и основач на „Анастасија Центар“ Битола (центар за музика, танц мода и уметност), каде исто така е професионален музички педагог, танц инструктор, музички терапевт, едукатор, кореограф и режисер. Ја формира музичката и видео продукција Welcome to Stefanija’s Music World, каде издава авторска музика и е
композитор, тексописец и продуцент. Прави интеграција на музичката и танцова терапија во Македонија, основач е на платформата Flow & Movement Concept training.
Повеќе инфо за Стефанија на www.stefanijaofficial.com.