Владата на денешната седница донесе одлука со којашто се овозможува бесплатна замена на важечките возачки и сообраќајните дозволи за граѓаните на РС Македонија. Во таа насока задолжено е Министерството за внатрешни работи да ги преземе соодветните правни акти, согласно што возачките и сообраќајните дозволи коишто треба предвремено да се заменат, ќе бидат без надомест.
Исто така, на седницата е задолжено и Министерството за надворешни работи, да ги преземе соодветните активности со коишто ќе се овозможи издавање без надомест на патните листови за сите државјани кои живеат надвор од РС Македонија и имаат потреба да се вратат за да извадат патни исправи.
Дополнително МНР е задолжено да ги преземе потребните активности, таму каде што нема дипломатско-конзуларни претставништва, издавањето на патните листови да се олесни и доставата на патниот лист ќе може да биде извршена преку брза пошта.