Мазутот од „Ина“ во Јадранско море е најголема еколошка катастрофа на Кварнер

Сподели

Чистењето на крајбрежјето на морето кај Кострена во Хрватска се уште трае, откако од нафтената платформа на рафинеријата „Ина“ во Урињ истече мазут.

weНадлежните институции и мештаните сметаат дека се работи за огромна еколошка катастрофа која ја погодила областа Кварнер.

Ова може да ја доведе во прашање и претстојната туристичка сезона, имајќи предвид дека фотографиите од загадувањето го обиколија светот.

Од „Ина“ информирале дека мазутот истекол од кругот на рафинеријата надвор од заштитната брана.

Истрагата ќе утврди кој е одговорен за овој еколошки инцидент кој предизвика непроценлива штета по еко-составот на морето.

Извор мета.мк

Мазутот од „Ина“ во Јадранско море е најголема еколошка катастрофа на Кварнер