Легендарниот Енди Мареј ја растажи тениската јавност – ,,Не ми остана уште многу, блиску е крајот,,!

Сподели

Loading

Британскиот тенисер Енди Мареј посочи дека влегува во последните неколку месеци од кариерата.

„Сè уште сакам да се натпреварувам и го сакам тенисот, но како што старееш, станува потешко да се натпреваруваш со млади играчи и да останеш во форма. Веројатно не ми останува многу, но ќе дадам се од себе во последните неколку месеци“, рече Мареј.

Тој во понеделникот во првото коло на турнирот во Дубаи го совлада Канаѓанецот Денис Шаповалов со 4:6, 7:6, 6:3 и ја постигна само втората победа во 2024 година.

Трикратниот грен слем шампион го оперираше колкот во јули 2019 година и оттогаш се шпекулира дека можеби ќе ја заврши кариерата.

Освои три грен слем титули, на Вимблдон во 2013 и 2016 година и на УС Опен во 2012 година. Меѓу другото и два златни олимписки медали во 2012 и 2016 година, а своевремено беше и тенисер број еден во светот.

Мареј е меѓу играчите кои постигнале 500 победи на тврди терени во опен ерата, заедно со Роџер Федерер (783), Новак Џоковиќ (700), Андре Агаси (592) и Рафаел Надал (518).

“Тврдиот терен е најдобар за мене, а 500 победи се многу и јас сум горд на тоа. Не многу играчи го постигнаа тоа и одлично е да се дојде до 500 пред да завршам”, изјави 36-годишниот британски тенисер.

фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

The post Легендарниот Енди Мареј ја растажи тениската јавност – ,,Не ми остана уште многу, блиску е крајот,,! first appeared on .

The post Легендарниот Енди Мареј ја растажи тениската јавност – ,,Не ми остана уште многу, блиску е крајот,,! appeared first on .

Powered by WPeMatico