Санкционирани 149 пешаци

Сподели

 

Во текот на вчерашниот ден (19.03.2024) во периодот од 08.00 до 13.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајна контрола на територијата на РС Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците.
 
При контролата, санкционирани се 149 пешаци од кои, 134 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин… За време на контролата санкционирани се и 106 други видови на сообраќајни прекршоци.

Сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

 
МВР апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници.