Утре, Рамазан Бајрам е неработен ден

Сподели

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07), 10 април 2024 година (среда), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. 

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманска вероисповед во Република Северна Македонија им го честита празникот Рамазан Бајрам.