ПРИ ПАНИКА ОД ЗЕМЈОТРЕСИТЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ И ЗГРИЖЕНИ ОКОЛУ 50 ЛИЦА

Сподели

noga-gips-680x430

По денешните неколку последователни земјотреси, повредени се околу 50 граѓани на Скопје. Според информациите на zdravstvo24.mk над 30 пациенти се со скршеници на рацете и нозете, расекотини и тие попладнево се примени во Клиниката за хируршки болести св.Наум Охридски.

Десетина пациенти се третирани во ГОБ 8 септември. Лекари од болницата информираат дека се уште се прават неопходни снимања на дел од пациентите за да се утврдат повредите.

Како што изјавиле некои од пациентите, се повредиле додека се обидувале да избегаат од домовите за време на силниот земјотрес. Некои паднале по скали, други пак скокале од терасите од пониските спратови.

Брзата помош само за 2 часа интервенирала кај 6 пациенти повредени при земјотресот. Сите биле транспортирани во скопските болници. Во Ургентниот центар при клиничкиот центар примени се двајца работници кои за време на земјотресот околу 15.10 минути работеле во магацин. Едниот имал потрес, а другиот се здобил со расекотини.