Џафери на Самитот „Еден регион, заедничка визија“

Сподели

Техничкиот премиер Талат Џафери денеска и утре ќе биде во работна посета на Црна Гора, каде ќе учествува на Регионалниот самит на лидери во Котор, под мотото „Еден регион, заедничка визија“.

 Џафери ќе се обрати на Панелот 1 насловен „Состојбата на терен и идните планови – нов план за раст“.

На панелот ќе се обратат и косовскиот премиер Албин Курти, претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто, албанскиот премиер Еди Рама, помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Џејмс О’Брајан и комесарот за добрососедска политика и проширување на Европската комисија, Оливер Вархеи.

На панелот ќе се разговара за Планот за раст на Западен Балкан.