Бранко е една година во нашето прифатилиште и е задржан бидејќи не се снаоѓа добро на улица заради тоа што е напуштен од неговиот сопственик. Бранко е ловџиско куче на кое веројатно му завршил “работниот ангажман” од некоја причина и завршил на улица.
И покрај се, тој е куче кое одлично би се вклопило во дом со дворче и фамилија која сака миленик што ќе им биде постојан партнер на долги прошетки и одличен соиграч за безброј турнири во фрлање топче. Како и сите наши кучиња така и Бранко е кастриран, редовно вакциниран и прочистен од надворешни и внатрешни паразити, информираат од ЈП Лајка.
Споделете, за следниот што ќе застане пред неговиот кафез да биде неговиот човек, љубов и дом.
Затоа што животот е поубав со куче!