Комплетирање на дигитализацијата на услугите кои ги дава Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) кон граѓаните и бизнис заедницата со цел унапредување на економијата на земјава, водејќи грижа за безбедноста на податоците со максимално искористување на современата технологија, дефинирање кои услуги може полесно и побрзо да се дигитализираат со цел да бидат побрзо достапни до корисниците. Ова се дел од темите за кои на работниот состанок дискутираа директорот на Агенција за храна и ветеринарство министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски и Оливер Миланов, директор на АХВ.
Агенцијата дел од ДМС системот на Министерство, но, како што истакна министерот Андоновски, интенција е и во согласност со стратешките приоритети на Владата, брзо дигитализирање на сите услуги на АХВ кон граѓаните и компаниите за што како што истакна Агенцијата ќе ја има максималната поддршка од Министерството.
Директорот Миланов изрази подготвеност за овој процес кој е веќе во тек и со кој како што информираше, досега се опфатени 23 услуги на Агенцијата.
– Дигитализацијата на услугите е на листата приоритети на АХВ и истата ќе значи не само олеснување на нивната пристапност, туку ќе води и кон поедноставување на постапките, а со тоа и до поголема ефективност и ефикасност на работењето на администрацијата. Сето ова ќе биде во насока на заштеда на време и пари, за граѓаните, но пред се на бизнис секторот, со кој Агенцијата за храна и ветеринарство има исклучително блиска соработка – истакна Миланов.
Дигитализирањето на услугите, заклучи Миланов ќе биде одлична основа и за обезбедување следливост на целокупната постапка на издавање на документите и нивна безбедност користејќи ја современата технологија.