Портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“, „Браќа Миладиновци“ и „Млада Струга“

Сподели

Со портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“ за германската поетеса Катрин Пиц, „Браќа Миладиновци“ за македонската поетеса и книжевна теоретичарка Катица Ќулавкова и „Млада Струга“ за Филипа Сара Попова, денеска продолжува програмата на 63. издание на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“.

Во рамките на програмата се предвидени и: поетски читања на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2024 година, промоции на преведеното издание на добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2023 година и на антологијата „Од поети за поети“, чествување на годишнините на петмина македонски поети, како и поетско кафе „Версополис“. Фестивалот продолжува утре со поетски читања во манастирскиот комплекс „Калишта“, поетски портрет на Бенгт Берг и промоција на изборот поезија, како и претставување на добитникот на наградата „Стојан Христов“ за 2023 година и традиционалниот поетски портрет на лауреатот на „Златен венец“ во црквата „Света Софија“ во Охрид.