Гаши: Континуираната борба и непокор резултираше со создавање држава

Сподели

“Во име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име, ви го честитам 23 Октомври ‒ Денот на Македонската револуционерна борба”, упати честитка до сите граѓани претседателот на Собранието, Африм Гаши.

“Со формирањето на Македонската револуционерна организација во 1893 година, се создадени основите на организираната борба за слобода и за независност. Континуираната борба и непокор низ децениите што следеа резултираше со создавање држава, во која денешните генерации ги живеат плодовите на самостојноста и на демократијата. 

Денешната генерација во нашата држава се соочува со поинакви искушенија и е исправена пред други цели. Наша стратешка цел сега е полноправното членството во ЕУ и понатамошното етаблирање во НАТО како рамноправна земја – членка. 

Предизвик за нашата генерација е постојано да ги унапредуваме демократските процеси, стандардите во  здравството, образованието и во науката, владеењето на правото, економските и социјални текови и рамноправноста меѓу граѓаните, без разлика на национална, верска, родова или политичка припадност. 

Значајните датуми од историјата на нашите народи се наш потсетник дека треба да дејствуваме сплотено во градење современа и просперитетна држава. 

Ви посакувам пријатен празничен ден.”