На 8 декември 2024 година (недела), во Кристалната сала на Собранието, во 12 часот, Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ќе ја додели државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2024 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија.
Државната награда „Св. Климент Охридски“ за остварување во областа на воспитанието и образованието ѝ се доделува на проф. д-р Маја Бојаџиевска, универзитетска професорка, а наградата за остварување во областа на културата и уметноста, им се доделува на: Милован Стефановски, писател; Мирослав Масин, сликар и Рефет Абази, актер.