Добрите пријатели се редок, но скапоцен дар. Тие имаат сила да ве насмеат до солзи и да ви ја избришат тагата од лицето. Вистинските пријатели без двоумење понесуваат дел од ударите кои ви ги нанесува животот и со задоволство ги споделуваат со вас среќните мигови.
Но, пријателите се многу повеќе од рамо за плачење и пријатно друштво за кафе-муабет. Цврстата мрежа од пријатели е ефективен и бесплатен лек и важен фактор за добро здравје и долг живот. Еве зошто треба да ги негувате блиските односи со пријателите:
- Пријателствата ви го продолжуваат животот.Не е доволно да ѝ се јавите на најдобрата пријателка за да го прославите 100-тиот роденден, но силната друштвена мрежа се поврзува со подолг животен век. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои имаат голем број пријатели живеат за 22% подолго од оние со малку пријатели.
- Стресните настани помалку допираат до вас кога имате добри пријатели.Да, пријателите понекогаш можат да бидат извор на стрес, но тие најчесто ве штитат од него. Личностите кои го носат епитетот „пријатели“ можат да ви помогнат полесно да ги минете лошите периоди како развод, тешка болест, отказ на работното место и смрт на блиска личност. Друштвените средби му помагаат на организмот да лачи повеќе окситоцин, хормон кој нѐ смирува и прави да се чувствуваме подобро. Намалувањето на стресот е еден од најскапоцените подароци од пријателството.
- Грижливите пријатели ве охрабруваат да одите на доктор, дури и кога вие не сакате да го направите тоа.Добрите пријатели ве охрабруваат да си закажете преглед кога не се чувствувате добро. Понекогаш тие можат и да забележат одредени симптоми и да ве предупредат дека треба да направите консултација со лекар.
- Лојалните пријатели ги прават болестите помалку смртоносни.Дури и смртоносните болести не можат лесно да ве поразат ако сте опкружени со широк круг пријатели. Истражување направено со жени кои страдале од рак на јајниците во напредна фаза покажало дека пациентките со 10 пријатели имале помали шанси за смрт од оние кои биле осамени. Емотивната поддршка придонесува за зголемување на шансите за преживување на тешка болест.
- Среќатана добрите пријатели е заразна. Сигурно сте се нашле во ситуација кога сте тажни да долета ваша позитивна пријателка насмеана до уши и да ве зарази со својата среќа. Веселите пријатели ни даваат попозитивен поглед кон животот, дури и во моментите на тага, ни го зголемуваат оптимизмот и ни го разведруваатрасположението, а сето тоа ни го подобрува и физичкото и психичкото здравје.
- Пријателствата го намалуваат ризикот од деменција и депресија.Повозрасните лица кои одржуваат контакт со повеќе пријатели и роднини имаат помал ризик од појава на деменција. Експертите велат дека тоа се должи на фактот што нашиот мозок е дизајниран да одржува врски со многу лица и дружењето е еден вид на ментална вежба. Освен тоа, дружењето со пријателите го намалувастресот, кој се поврзува со појава на проблеми со мозокот во подоцнежна возраст. Лицата кои се движат во голем друштвен круг поретко страдаат од депресија и полесно излегуваат од депресивна состојба.
- Поверојатно е редовно давежбате ако тоа го правите со пријател.Вежбањето може да биде здодевна активност, но не и кога имате верен пријател со кого потите рамо до рамо. Имате закажано термин за вежбање? Сигурно ќе се појавите навреме на закажаното место ако најдобрата пријателка го очекува вашето присуство. Вежбањето во друштво ќе ве принуди да се придржувате кон распоредот и да заборавите на неактивноста.
- Добрите пријатели ве охрабруваат да се откажете од нездравите навики.Можеби советите од пријателите понекогаш ве полудуваат, но факт е дека тие можат да ви помогнат да си го подобрите животот. Вистинските пријатели сакаат да ве имаат во животот што подолго и се секогаш покрај вас за да ве охрабрат да ги промените нездравитенавики на живеење како пушење и претерано пиење алкохол, или да ве поттикнат да вежбате ако имате прекумерна тежина.Друштвената изолираност влијае негативно не само врз расположението, туку и врз здравјето. Еве како истражувањата ја споредуваат изолираноста со некои од најголемите ризици за здравјето. Осаменоста е:
- Исто толку лоша за здравјето колку и пушењето 15цигари дневно;
- Опасна колку тоа да бидете алкохоличар;
- Поштетна од физичката неактивност;
- Двојно поштетна од прекумерната тежина.