ДС: ПРВО ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СЈО, А ПОТОА ГЛАСАЊЕ ЗА БУЏЕТОТ

Сподели

pavle-trajanov

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ наместо да го распуштат Парламентот на 12 октомври, со што ќе се создадеа оптимални услови за на 11 декември да се одржат избори, тие надвор од договорот постигнат на 31 август, распуштањето на Парламентот го условуваат со претходно гласање за Буџетот, реагира Демократскиот сојуз.

Од партијата велат дека партиите на власт бараат оправдување да ги одложат изборите, што се гледа од  најавата дека на утрешната седница на Парламентот ќе се распушти. Ова е нов притисок, без расправа да се донесе Буџетот.

-Тоа јасно покажува дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ бараат оправдување да ги одложат изборите – велат од ДС.

Демократскиот сојуз смета и дека партиите од власта притиснати од народот кој бара промени нарачуваат наместени анкети.

„Притиснати од граѓаните кои барат решавање на кризата преку промени на власта и одговорност за криминалот, партиите од власта со наместени анкети се обидуваат да се претстават во јавноста дека и натаму имаат голема подршка. Доколку имаа висок рејтинг, немаше да има обид за одлагање на изборите и немаше со брутален притисок да ги полнат автобусите за присуство на денешниот партиски собир во Скопје“, стои во реакцијата.

Демократскиот сојуз бара на утрешната седница на Собранието на Република Македонија, прво да се изгласаат законите за Специјалното јавно обвинителство, потоа промените за Шестата изборна единица и на крај по одржана расправа да се гласа за Буџетот.