Напад на француската амбасада во Атина

Сподели

Αστυνομικοί ερευνούν τον δρόμο εξω από την Γαλλική Πρεσβεία , Πέμπτη 10 Νοεμβρίου 2016. Άγνωστοι πέταξαν χειροβομβίδα στην είσοδο της γαλλικής πρεσβείας στη λεωφόρο Βασιλίσσης Σοφίας 7 στην Αθήνα τραυματίζοντας τον αστυνομικό που εκείνη την στιγμή βρισκόταν στο κουβούκλιο του σκοπού. ΑΠΕ-ΜΠΕ/ΑΠΕ-ΜΠΕ/Παντελής Σαίτας

Француската амабасада во Атина рано утринава беше мета на бомбашки напад. Две лица фрлиле рачна бомба од мотор во движење пред амбасадата. Во експлозијата е повреден полицаецот кој стражарел пред објектот.

Нападот бил извршен во 4.45 часот утрово по локално време. Според изјавата на стражарот, кој е префрлен во болница со рани на ногата, две лица на мотор се приближиле до амбасадата и ја намалиле брзината. Кога излегол од стражарницат да тргне кон нив, тие ја фрлиле бомбата и избегале во насока кон населбата Ексархија, каде подоцна бил најден и мотор кој се претпоставува дека е на напаѓачите.

Речиси целиот центар на Атина беше блокиран поради нападот. Антитерористичката единица го испитуваше просторот околу амбасадата, а полицијата сè уште трага по напаѓачите.

Нападот на француската амбасада особено ги вознемирува властите во Атина бидејќи амбасадата се наоѓа во строгиот центар на градот, веднаш спроти грчкиот парламент и на неколку метри од грчкото министерство за надворешни работи, простор кој е е постојано под силно полициско обезбедување. Нападот доаѓа само неколку дена пред посетата на американскиот претседател Барак Обама, кој се очекува на 15 и 16 ноември во Атина.

meta.mk