Европската комисија предупреди осум земји од еврозоната дека ризикуваат да ги прекршат правилата поради големите буџетски дефицити.
Италија, Шпанија, Португалија, Белгија, Кипар, Финска, Литванија и Словенија имаат план за буџетите за следната година, кои би можеле да не бидат во согласност со правилата на еврозоната, според кои земјите морат да ги држат буџетските дефиците под три отсто од домашниот бруто-производ.
Комисијата соопшти дека бавниот развој и зголемената несигурност, која, меѓу другото, е предизвикана од Брексит и од американските избори, ја оптоваруваат европската економија.
Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, изјави дека тие што можат да си дозволат, мора да инвестираат повеќе, а тие што имаат помал финансиски простор треба да спроведат реформи и фискална консолидизација.