Остануват уште два дена до крајот на изборната кампања. Денеска партиите и коалициите кои учествуваат на предвремените парламентарни избори продолжуваат со презентација на нивната изборна програма пред граѓаните.
Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во скопските општини Бутел, Гази Баба и Шуто Оризари, а Коалицијата „За живот во Македонија“ ќе има митинзи во Радовиш и во Струмица.
Централен собир во Скопје ќе одржи Алијансата на Албанците.
Изборниот караван на Коалицијата за промени и правда, предводена од Демократскиот сојуз, ќе одржи завршен предизборен митинг во Скопје.
Коалицијата „ВМРО за Македонија“ ќе има средби со граѓани во општина Ѓорче Петров.