Села ја напушти функцијата градоначалник, ќе ја замени со пратенички мандат

Сподели

Градоначалникот на општина Струга, Зијадин Села на денешната седница на Советот на општината си поднесе оставка на досегашната функција, која ќе ја замени со пратенички мандат во Собранието, кој го освои на предвремените парламентарни избори на 11 декември, како кандидат на Алијанса за Албанците.

Села на седницата им се заблагодари на советниците за соработката и соопшти дека за негов наследник на градоначалничката функција го назначува Мустафа Забзун, досегашен советник во Советот на општина Струга од редовите на неговата партија.

– Од денеска ќе имате нов градоначалник на Струга, кој според Законот ќе ме заменува мене, бидејќи јас ќе бидам пратеник. Дозволете ми да ви се заблагодарам на сите за соработката. Сме дебатирале на различни теми сме презентирале различни идеи, но сме немале лоши ситуации кои Советот може да го стават во незгодна позиција – рече Села на седницата.

Зијадин Села стана градоначалник на Струга на локалните избори во 2013 година, како кандидат на ДПА, но потоа се отцепи од партијата и формираше нова политичка партија – Движење за реформи на ДПА.

meta.mk