ПРИШТИНА (АА) – Пратениците на Собранието на Косово по вчерашната целодневна дискусија за апсењето на претседателот на Алијансата за иднина на Косово, Рамуш Харадинај во Франција, по потерница на Србија, не успеаја да усвојат ниту една резолуција, јавува Anadolu Agency (AA).
Пратеничките групи на партиите на владејачката коалиција не се сложија со нацрт-резолуцијата што ја предложија опозициските партии, иако опозицијата беше подготвена последната, петта точка на резолуцијата да се отстрани, па се гласаше за две резолуции.
Меѓутоа, ниту еден предлог од резолуцијата не го доби потребното мнозинство гласови на пратениците.
Владејачките партии ̶ Демократската партија на Косово и Демократскиот сојуз на Косово, ги подржаа првите три точки од резолуцијата со кои се бара безусловното ослободување на претседателот на Алијансата за иднина на Косово, Рамуш Харадинај, да се случи колку што е можно побрзо и да се смета за примарна државна задача; Владата на Косово да бара Европската Унија да се вклучи директно, преку високата претставничка за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, за да го забрза ослободувањето на Рамуш Харадинај од француската држава.
Се бара, исто така, и Владата на Косово да се обврзе дека ќе ги преземе сите неопходни мерки за да ги информира сите меѓународни инстанци да ја одбијат јурисдикцијата на Србија за наводните злосторства на целата територија на поранешна Југославија и во согласност со тоа бара ослободување на Рамуш Харадинај.
Пратениците на позицијата не се согласија со точката во која се бара прекин на дијалогот со Србија сè до поништувањето на сите потерници на Србија во Интерпол против поранешните припадници на Ослободителната војска на Косово, како ни со петатта точка во која се бара оставка или промена на сите главни одговорни за преговорите со Србија, кои единствени можеа да бидат информирани кои лица имаат потерници на Србија во Интерпол, затоа што Косово не е член на Интерпол.
Опозициските партии Самоопределба, Алијанса за иднината на Косово и Иницијатива за Косово не сакаа да се откажат од барањето за прекин на дијалогот со Србија.