ТРАМП:Светот е во хаос и треба да се ограничи влегувањето во Америка

Сподели

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека неговиот план да се ограничи влегувањето на луѓето од неколку муслимански земји е неопходен затоа што светот е во „целосен хаос“.

Во интервју за „Еј-би-си њуз“, Трамп ги отфрли тврдењата дека тој план е „прогон на муслиманите“.

– Тоа не е прогон на муслимани, туку на муслимански земји во кои се случува страшен терор – рече Трамп.

Трамп оцени дека САД веќе имаат доволно проблеми и без доаѓањето на луѓето, кои во многу случаи сакаат страшно разорување. Тој, сепак, одби да наведе на кои земји мисли и рече дека Европа направила голема грешка што дозволила милиони луѓе од тие земји да дојдат во Германија и во други земји.

– Сè што треба да направите е да погледнете, катастрофа е тоа што таму се случува – додаде Трамп.

На прашањето дали е загрижен дека неговиот план ќе ги разлути муслиманите во светот, тој одговорил дека веќе има доволно гнев во светот.

– Како може да има повеќе – праша тој.

Трамп оцени и дека светот е во хаос и оти луѓето се бесни колку што можат да бидат.

– Што мислите, дека ова ќе предизвика уште малку бес? Светот е бесно место? Сè веќе се случи. Отидовме во Ирак, а не требаше. Не требаше да се повлечеме, а го направивме тоа. Светот е во хаос – рече Трамп.