ЕК му одговори на Димовски: Хан јасно ја изрази позицијата на Брисел

Сподели

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, во саботата јасно ја изрази позицијата на Брисел, коментираат за „Мета“ од Европската комисија, на обвинувањата на пратеникот Илија Димовски дека Хан со својата изјава се меша во внатрешните работи на Македонија.

Хан во саботата порача дека откако се собраа доволно потписи за пратеници, Брисел очекува претседателот да му даде мандат за формирање на нова влада на кандидатот од партиите што имаат мнозинство во Собранието, во согласност со Уставот.

Од Европската комисија уште еднаш потврдија дека очекуваат брзо формирање на нова влада.

„Како што и претходно соопштивме, нема да шпекулираме за составот на владата и за нејзината програма. ЕУ едноставно очекува брзо формирање на нова влада, со широка политичка поддршка, која силно ќе се посвети на европските реформи и ќе ги имплементира сите делови од Договорот од Пржино, како и реформските приоритети“, велат од Европската комисија за „Мета“.