Потпретседателот на ДУИ и градоначалник на Чаир, Изет Меџити во емисијата “Топ Тема“ на Телма повторно потврди дека ВМРО-ДПМНЕ цело време преговарале со ДУИ за Платформата, а единствено не се договориле за Законот за заштита на сведоци и за продолжување на рокот на СЈО.
-„А што правеа ВМРО-ДПМНЕ 20 дена со нас? Преговараа за Платформата и времето тоа ќе го покаже како точно. Преговараа и за униформите и за парите да бидат двојазични“, изјави Меџити.
Може некој да освои и 80 пратеници и залудно ќе му е, нема да може влада без Албанците да направи. Интенцијата е да се затворат тематските прашања од Рамковниот договор и на следните избори да се занимаваме со еконсмски прашања, рече Меџити.