Неделен хороскоп (30.05 – 05.06.2016)

Сподели

Овен

Се наметнува желба да се наметнете во нешто за што не сте способни. Мора да бидете објективни кон себе доколку сакате од моментната ситуација да извлечете максимум. Во работата премногу ќе се внесете, но некои соработници ќе се обидат да ве попречат во работата. Не им обрнувајте внимание. Можни се здравствени проблеми поради неконтролирано внесување храна. Обидете се да ги поправите односите на партнерско ниво и се’ ќе биде во ред.

Бик

Иако сте опкружени со многу луѓе, сепак сте индивидуалист. Многумина ќе ви побараат совет. А кому вие да му се пожалите? Мудро ќе влетате во нови работни потфати. Сфаќате дека нема што да изгубите. Кој ризикува и добива. Бидејќи не умеете на правилен начин да ја трошите енергијата можни се здравствени проблеми. Во љубовта ќе фантазирате за лице што постојано би ви дава нежност и внимание. Можеби тоа лице е во близина?

 

Близнаци

Мора да се контролирате. Бидејќи не сте способни да управувате со себе, ќе се соочите со кавги и ексцеси. На работното место, конечно, може да здивнете. Повеќето Близнаци ги очекува заслужен период на релаксација и олабавување. Кога станува збор за вашето здравје, очекувајте чести промени на расположението придружени со депресија. Во љубовта сте во фаза на примирје. Доколку сте слободни, во август очекувајте нова љубов.

Рак

Будни сонувате. Тешко ви е да ја прифатите реалноста, која не ги исполнува вашите очекувања. Ако сакате да постигнете работен успех, жртвувањето е неминовно. Почетокот не е лесен, но стрпете се, успехот нема да изостане. Здравствените проблеми ќе ги совладате доколку навреме им посветите внимание. Ве очекува нова љубов. Ќе уживате во прегратките на саканото лице и нема да можете да поверувате дека тоа е прекрасната реалност.

Лав

Се наоѓате во период кога од вас ќе се бара приспособување на околностите. Ќе размислувате и за некоја промена. На работното место влеговте во мирен период. Ќе се најдете во ситуација да им помагате на помалку успешните соработници. Прекумерното консумирање храна лошо се одразува на вашиот организам. Во љубовта внимавајте на реакциите и на навредите, бидејќи на таков начин го одбивате партнерот.

Девица

Романтично сте расположени. Слободното време го минувате во друштво и убаво се чувствувате. Сфативте дека се плашите од осаменост. Дали знаеле дека сите проблеми потекнуваат од вашата глава? Негативните мисли може да ви го загрозат здравјето, затоа напред со позитивни мисли. Во љубовта сте во хармонични односи со вашиот партнер. Ќе ве изненади пријатно и ќе бидете задоволни. Совладајте ја хипохондричната црта на карактерот.

Вага

По долгите проблеми влеговте во мирен период. Чувствувате дека сте духовно и интелектуално стабилни. Сите акции се во рамнотежа. На работното место ќе добиете унапредување, што доцни веќе подолг период. Ако се земе предвид дека убавите работи пристигнуваат во вистинско време, славенички сте расположени. Подолг период сте загрижени за здравјето, но сега сфативте дека нема потреба за никаква паника. Во љубовта бидете потолерантни.

Скорпија

Импулсивни сте и реагирате во афект, можеби околностите не се така лоши како што изгледаат? На работното место имате проблеми. Работата моментно е во застој. Додека се обидувавте да им помогнете на другите, се чини дека помошта ви е потребна вам. Кога станува збор за здравјето можни се проблеми со црниот дроб и со панкреасот. Во љубовта ве очекуваат долги и топли денови.

Стрелец

Ситуацијата од вас бара трпение. Тоа за припадниците на овој знак е тешко, но ќе мора да се навикнат на тоа. На работното место внимавајте на провокации и импулсивност. Во спротивно проблемите се неизбежни. Кога станува збор за здравјето, нервозни сте, па сето тоа уште повеќе ја влошува ситуацијата. Каде е тенко, таму се кине. Во љубовта на видок е нова врска, но вие сте избирливи кога се во прашање емоциите. Лукаво ќе му пристапувате на овој проблем.

Јарец

Сите околу вас се нервозни, а вие смирени. На работното место нема да се случува ништо спектакуларно. Ќе размислувате да дадете отказ и да тргнете од почеток. Внимавајте на провев, избегнувајте ладни напитоци да не имате проблеми со грлото. Во љубовта ќе се најдете во некоја дилема. Бидете внимателни и избегнувајте вербални дуели што не водат во ништо.

Водолија

Влеговте во среќен период. Добро сте расположени, иако за тоа немате некои конкретни причини. Во работата ситуацијата е ваква – или многу работите, или сте без работа. Кога станува збор за вашето здравје, слаба точка на организмот се жлездите со внатрешно лачење. Бидејќи се поврзани со вашето расположение, лесно ќе го ублажите овој проблем. Во љубовта само фантазирате. Стварноста не ветува ништо, па затоа им се препуштивте на нереалните работи.

Риби

Се’ што се случува околу вас го доживувате емотивно. На работното место се’ добро почна, но од пари ништо. Вложивте премногу напор и на крај не сте задоволни од постигнатите резултати. Внимавајте на исхраната. Во љубовта со партнерот ќе влегувате во вербални расправии поради лошата материјална ситуација. Ќе бидете склони да обвинувате и да ја префрлувате вината. Сепак, односот пополека се подобрува.