11. седница на Собранието продолжи со реплики и контра-реплики

Сподели

Во Собранието денеска по единаесетти пат продолжи конститутивната седница, на која треба да се избере претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, како и претседател на Законодавниот дом.

Пратениците од СДСМ и денеска побараа да преминат на четвртата точка од дневниот ред, избор на претседател на Собранието. И повторно со ваквото барање не се согласи пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со образложение дека тоа е спротивно на Деловникот.

Претседавачот Вељаноски побара од пратениците да се откажат од процедуралните забелешки, од реплики и контра-реплики за да може да се дојде до гласање по третата точка, да се продолжи со четвртата точка и да заврши конститутивната седница.