Специјална акција на сообраќајната полиција

Сподели

Припадниците на Министерството за внатрешни работи, Управата на сообраќајната полиција, во текот на следната недела во рамки на меѓународната организација TISPOL-мрежата на сообраќајната полиција, ќе спроведе акција на засилена контрола на брзината на движењето на возилата.

Акцијата ќе се спроведува во сите делови на државата кои соработуваат во оквирот на TISPOL со 28 земји членки на ЕУ, меѓу кои и Швајцарија, Норвешка и Србија.

Во рамки на акцијата во среда на 19 април, ќе биде спроведена и акциајта „Speed Marathon“, каде брзината ќе се мери 24 часа непрекинато со рачни радари, радари во системите на видео надзорот и уредите за мерење на брзината на возилата без обележја на полицијата – пресретнувачи.

Секој контролиран возач ќе биде алкотестиран, додека сообраќајната полиција исто така за време на запирањето на секое моторно возило кое ќе ја надмине дозволената брзина на движење, ќе му изврши контрола и на користењето на појасите за врзување како на возачот така и на патниците, на начинот на кој предвидел производителот на возилото.

Според истражувањето кое го објави Европскиот совет за безбедност на сообраќајот, зголемената брзина на движење на патиштата за само 5 отсто доведува до зголемување на бројот на сообраќајни незгоди со смртен исход за повеќе од 20 отсто.

Според истото истражување, користењето на безбедносните појаси го намалува ризикот од смртно настрадаување во сообраќајните незгоди за околу 50 отсто.