Членовите на Европскиот парламент, Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едвард Кукан преку соопштение испратија апел до претседателот Иванов да ја почитува волјата на парламентарното мнозиnство и повикаа да се пронајдат виновниците за насилните напади во Собранието и истите кривично да одговараат, пренесе Алсат-М.
“Ние сме ангажирани повеќе од две години, во име на Европскиот парламент за да се олесни дијалогот меѓу политичките лидери со цел да се излезе од кризата во Македонија. Го поддржуваме изборот на новиот претседател на Собранието, г-дин Талат Џафери и се надеваме дека што поскоро ќе почне да ја врши својата функција во интерес на земјата.На парламентарното мнозинство треба да му биде овозможено да формира влада без понатамошно одложување. Очекуваме именување на премиер во следните две недели и го повикуваме Иванов да престане да го попречува демократскиот пат и желбата на граѓаните за излез од кризата. Понатамошните одложувања за формирањето на нова влада ќе донесат неизбежни последици.” – се вели во заедничката изјава на Европратениците