Македонија од денеска останува без градоначалници

Сподели

Денеска истекува мандатот на градоначалниците и на советниците во општините, а локални избори сè уште не се распишани.

Ппретседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери за денеска закажа состанок на претставниците на пратеничките групи кои треба да се договорат за законски измени за евентуално продолжување на нивниот мандат и за распишување на локалните избори.

ЗЕЛС во петокот побара Парламентот најдоцна до денеска да одржи седница и да донесе решение за мандатите на градоначалниците и советниците, бидејќи, како што посочија оттаму, тогаш завршува првата половина на мај кога со закон престануваат да важат мандатите на градоначалниците и на советниците.

Доколку не се најде соодветно решение, посочија од ЗЕЛС, на граѓаните ќе им бидат ускратени сите услуги што ги добиваат од локалната самоуправа, нема да можат да се исплаќаат плати во институциите под нејзина надлежност, како градинки и училишта и ќе се спречи реализацијата на инфраструктурните проекти, нема да може да функционира јавниот превоз