Повеќе од два часа траеше денешната средба помеѓу лидерот на СДСМ и мандатар, Зоран Заев, и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во седиштето на СДСМ, која е во рамките на преговорите помеѓу партиите за составување нова влада.
Ахмети во седиштето на СДСМ пристигна околу 12.30 часот, а го напушти околу 14.45 часот. Лидерот на ДУИ и на заминување не даде изјава за медиумите и само кратко најави дека партијата ќе објави соопштение за текот на денешните преговори за составот на владата.
По средбата со Ахмети, треба да следуваат и преговори со претставници на другите партии од новоформираното парламентарно мнозинство, односно со Алијансата за Албанците и со Беса.
Се очекува преговорите да течат и во текот на викендот.