Јанева и СЈО побараа продолжување на рокот за истраги и обвиненија

Сподели

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска на прес-конференцијата побара да се продолжи периодот во кој Специјалното јавно обвинителство ќе може да отвора истраги и да покренува обвиненија.

Јанева побара од новото парламентарно мнозинство да се укине членот 22 од Законот за специјалното јавно обвинителство со што би се продолжила работатата на ова обвинителство.

„Ова јавно обвинителство ќе продолжи со работа се додека не се истражат овие разговори што ги поседуваме, а со цел да го исполниме мандатот за кој постоиме“, рече Јанева.