КОСОВО: Изборите ќе ги следат 40.000 партиски набљудувачи

Сподели

Политичките партии на Косово го зголемија бројот на свои набљудувачи за предвремените парламентарни избори што ќе се одржат на 11 јуни, јави дописникот на МИА.

Според прштинскиот весник „Зери“, партиите ќе ангажираат околу 40.000 набљудувачи и членови на избирачките одбори, кои се очекува да гарантираат дека ниту еден глас нема да биде манипулиран, за што ќе бидат потрошени милони евра.

– Поради страв од кражби и манипулации со гласовите, како што се случи во неколку региони на парламентарните избори во 2014 година, политичките партии во земјава решија да го зајакнат мониторингот на 11 јуни. За таа цел на денот на изборите ќе бидат ангажирани околу 40.000 набљудувачи и членови на избрачките одбори, пишува „Зери“.

На 11 јуни ќе се гласа на 2.490 избирачки места, што е за 116 повеќе во споредба со претходните избори. Во единственот избрачки список се запишани 1.872.941 лица со право на глас.

Предврмените парламентарни избори ќе го чинат Косово пет милиони евра.