Жбогар: Информирање на граѓаните за бесплатната правна помош

Сподели

И покрај законот за бесплатна правна помош кој е усвоен од Собранието во 2011 година, истражувањето на фондацијата „Отворено општество“ поддржано од ЕУ, покажува дека граѓаните не се добро информирани со ова нивно право. Цивилните организации бараат од Министерството за правда да изнајаде механизми за да ги информира граѓаните за да ја искористат бесплатната правна помош. Амбасадорот на ЕУ во Скопје, Самуел Жбогар нагласи дека граѓаните многу тешко ги пронаоѓаат овие совети, а државата според него, не издвојува доволно пари од буџетот.

„Во моментов, многу граѓани воопшто не примаат, односно ги примаат предоцна бесплатните правни совети. Дури, последните извештаи на Европската комисија за ефикасноста на правдата покажуваат дека Македонија издвојува помалку финансии од буџетот за овој вид на совети во регионот. Затоа, треба да се направи повеќе за граѓаните да бидат информирани за бесплатните совети.“ – изјави Самуел Жбогар, Амбасадор на ЕУ.