Граѓаните 11 години сведочеа што значи целосна партизација на државните институции, каде што од најнизок па до највисок ешалон, беа вработувани лица кои од потребните критериуми поседуваа единствено партиска подобност. За време на 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ се случи целосно поклопување на државата, а меѓу најочигледните примери за тоа беше партизацијата на Министерството за внатрешни работи, кое според признание на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, ВМРО-ДПМНЕ го претвори во ВМРО-МВРО.
ВМРО-ДПМНЕ преку неосновани обвинувања со денови создава заблуда кај јавноста, бидејќи станува збор за привремени решенија, односно назначување на вршители на должност. Конечните решенија, без разлика за кои личности ќе се работи, ќе бидат вработени според потребните квалификации во согласност со Законот за државни службеници.
СДСМ, преку Владата што ја предводи започнува процес на департизација и професионализација на институциите. Државните институции ќе работат ефикасно, професионално и во интерес на граѓаните, за никогаш повеќе да не се повтори минисертствата да функционираат како партиски штабови, а Македонија да биде квалификувана како заробена држава, како што тоа беше за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.