„Цивика Мобилитас”: Форум – „Предизвици, перспективи и потенцијали на миграциите”

Сподели

Во Чифте Амам, во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка „Цивика Мобилитас“, се одржа форум на темата „Предизвици, перспективи и потенцијали на миграциите“, каде што се дискутираше за иселувањето и мобилизацијата на младите, лекарите и уметниците, влијанието на миграциите во бизнис секторот и во другите сектори, како и за улогата на граѓанскиот сектор во справувањето со миграциите.

Адеми нагласи дека Владата на Македонија за првпат во својата историја на независноста, ги подигна односите меѓу државата и македонските емигранти на политичко ниво, со именување на еден министер одговорен за дијаспората. Според него, со именувањето министер одговорен за дијаспората, Владата покажува дека дијаспората има големо значење за македонската држава.

– Во оној момент кога државата ќе има потреба од поддршка или од луѓе кои работат во многу важни институции надвор од Македонија, во развиени земји, да може тие да бидат во служба на државата, независно дали тоа ќе биде враќање целосно, со тоа што ќе овозможи државата секако услови за враќање и нудење работа во институциите на системот кај што ќе бидат нивните знаења или искуство од корист, туку може да биде и во форма на комуникација и соработка со нив. Живееме во 21. век, глобализацијата го прави своето, и како таква, миграциите се нормален процес во целиот свет, не само кај нас. И од сиромашни земји се мигрира кон побогати земји, а се мигрира и од богати кон богати земји. Во овој период е важно, кога ќе ја мапираме дијаспората, да знаеме точно колку реално имаме луѓе во државата и не само како бројка туку тоа да го направиме, за да ја знаеме не само етничката, туку професионалната, полната и другите структури. Тоа е потребно да се направи со цел, овие луѓе, да бидат во служба на општеството и неговиот развој“, рече министерот Адеми.

Претседателот на Младинскиот сојуз Крушево, Методија Стојчевски истакна дека работат на проблемот со младинските миграции во државата и надвор од државата.

– Според нашето истражување, иселувањето на младите се случува повеќе од југозападните градови на земјата. Исто така, додава дека од североисточните градови на земјата веќе сите млади се иселени внатре или надвор од државата. Причините за иселувањето, како што рече тој, се економски, потрага по вработување и подобри услови за живот, рече Стојчевски.

На Форумот се обратија амбасадорката на Швајцарија Сибил Сутер Тејада,  претседателот на Лекарската комора на Македонија, Калина Гривчева – Старделова, претставникот на Форум за демократска Македонија, Емилија Тодорова и други.