Германија: 213 полицајци повредени во насилните настани во Хамбург

Сподели

Бројот на повредените полицајци во насилните демонстрации настанати во германскиот град Хамбург за време на Самитот на лидери на Г20, се искачи на 213 лица, додека бројот на приведени демонстранти изнесува 265 лица, јавува Anadolu Agency (AA).

Полицијата во Хамбург ги објави бројките на повредените и приведените во настанатите насилни настани на Самитот Г20. Во соопштението се наведува дека бројот на повредените полицајци се искачи на 213, а бројот на приведените демонстранти на 265.

Демонстрантите вчера во насилните настани во Хамбург со молотови коктели, метални шипки, сообраќајни табели, камења и шишиња ги напаѓаа полицјаците и деловните објекти.

Околу 500 демонстранти ограбиле еден маркет, а потоа го запалиле.

Во полициското соопштение се наведува дека 63 лица се приведени, и 14 се притворени од вчерашните протести, како и дека се очекува оти демонстрациите ќе продолжат и денеска.

Сеуште нема информации за бројот на повредените демонстранти во настаните.