Зврлевски: Компетентно и чесно ја вршев својата функција

Сподели

Марко Зврлевски на денешната седница на Собранието на која се расправа за негово разрешување, од говорницата порача дека тој компетентно и чесно ја вршел својата функција, и ги обвини Владата и Советот на јавни обвинители дека не дале основа зошто барале тој да биде разрешен.

-“Во предлогот се наведува дека незаконито и нестручно сум ја извршувал функцијата и дека со неповедувањето на кривични постапки сум го довел во прашање угледот на функцијата. Ништо од ова не е точно. Дека тоа е така, потврдува и предлогот каде што нема ниту една точка каде што се објаснува како и кога нестручно сум ја извршувал функцијата”, рече Зврлевски.

-“ЈО нема обврска да поведува кривична постапка и да запира. Основните јавни обвинители се самостојни во своето одлучување. Секое влијание, а и прифаќање на влијанието покажува дека е сторена злоупотреба. Јас не сум влијаел на никој да поведе или не поведе постапка. Апсолутно сум бил во тек со сите случаи”, порача Зврлевски.

-“Советот на јавни обвинители не кажа ни зошто ни како ни врз основа на што дал позитивно мислење на барањето на Владата за мое разрешување. Тие немаат ниту една претставка и наназад 4 години позитивно ја оценуваше работата на ОЈО…а не дадов оставка бидејќи сметам дека нема причини, но имајќи ја предвид негативната пропаганда, свесен сум дека со мене ќе се случи тоа што се случило и претходно, дека ќе бидам разрешен. Тоа воопшто нема да ме повреди туку ќе бидам во редот на најдобрите”, порача тој.