Турција отпушти над 7.000 лица воен персонал

Сподели

Повеќе од 7.000 лица воен персонал се отпуштени од турските вооружени сили поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО по неуспешниот обид за воен удар на 15 јули 2016 година, вели извор од Министерството за одбрана, јавува Anadolu Agency (AA).

Изворот кој зборуваше под услов на анонимност, денес за медиумите изјави дека вкупно 7.655 лица воен персонал, вклучувајќи 150 генерали и адмирали и 4.287 овластени службени лица се отпуштени од своите функции по неуспешниот обид за државен удар.

„Исто така, 786 лица од персоналот привремено се суспендирани од армиските сили“, додава изворот.

Терористичката органзиација ФЕТО, предводена од Фетула Ѓулен, стои зад неуспшениот обид за државен удар што се случи на 15 јули минатата година, во којшто загинаа 250 лица, а речиси 2.200 беа повредени.

ФЕТО исто така се товари и за водење долготрајна кампања со цел да се собори легитимно избраната власт во земјата преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството.

По неуспешниот обид за државен удар, Турција уапси десетици илјади осомничени поддржувачи на ФЕТО и отпушти повеќе од 100.000 јавни служеници од владата.