Силен земјотрес во Егејско море: Загинаа две лица, голем број повредени

Сподели

Најмалку две лица загинаа, а 170 се повредени во земјотресот со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала, што утринава беше регистриран во Егејското Море, во близина на грчките и на турските туристички места. Хеликоптери ги превезуваат повредените во околните болници.

Според информациите на грчките власти, загинале туристи од Шведска и Турција. Локалните медиуми наведуваат дека се повредени повеќе од стотина лица.

Во турското летувалиште Бодрум, околу 70 лица се повредени и се хоспитализирани.

По земјотресот со јачина од 6,7степени забележани се уште 40 потреси со јачина од три до 4,6 степени. Чивелек истакна дека жителите ноќта ја поминале надвор поради страв и паника. Потврди и дека формирале кризен штаб во овој турски град.

Чивелек појасни дека нема материјална штета, но дека има повредени поради паниката која владеела во текот на земјотресот.