Јанева најави нова прес-конференција за утре во 10 часот

Сподели

janeva-fetai-ristovska-transporter-4-860x680

Специјалното јавно обвинителство утре, со почеток во 10 часот, ќе одржи прес-конференција. Во дописот од кабинетот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева не е наведено која ќе биде темата на прес-конференцијата.

На последната прес-конференција, одржана на 21 април, СЈО го отвори случајот „ТНТ“, кој се однесуваше на уривањето на објектот „Космос“ во сопственост на Фијат Цаноски. Во овој случај првоосомничена е градежната испекторка во Општина Гази Баба и уште три лица од комисијата за јавни набавки на Општината.

Тогаш обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, рече дека уривањето на „Космос“ било нарачано од поранешниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, во координација со градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски, кои беа аболирани од претседателот на државата, Ѓорге Иванов. Иванов минатата недела ги повлече аболициите на сите 22 политичари од вкупно 56-те помилувани луѓе.

Јанева најави нова прес-конференција за утре во 10 часот