Кривични за судиите кои одлучуваа за екс функционерите од УБК

Сподели

Здружението „Зелена лупа“ бара одговорност од судиите кои одлучуваа за екс функционерите од УБК, Горан Грујoвски и Никола Бошкоски, кои се обвинети за незаконското прислушување, а повеќе од две недели се во бегство.

Денеска од „Зелена лупа“ поднесуваат кривични пријави против петнаесет судии. Дополнително ќе бараат советот за факти да утврдува дали судиите работеле совесно.

На прес конференцијата која е најавенa за пладне, ќе бидат дадени на увид на јавноста, поднесените кривични пријави до Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција,  и иницијативите за покренување на одговорност на судии, поднесени до Советот за утврдување на факти и одговорност на судии.