Македонската традиционална карате федерација годинава прославува 50 години Карате во Република Македонија. По тој повод изработи и официјален постер.
На постерот ставени се фотографии од сите каратисти кои оставиле белег и дале огромен придонес за развој на карате спортот во Македонија.
На постерот се ставени најзаслужните и најуспешните каратисти од 1967-2017 година, Венцислав Недев – основач на МТКФ и КК Работнички, Илија Јорга, Владимир Јорга – основоположници на каратето во СФРЈ, Хидетака Нишијама, Хироши Шираи, Таиџи Казе-Јапонски карате учители во Македонија, Атанас Кајчевски, Сејдо Теофиловски – основоположници на каратето во Македонија, Димче Кичевски – основач на КК Вардар и КК Водно, Мирче Опелоски – европски шампион, Јорго Огненовски, Луиза Гашева – најуспешни каратисти во СФРЈ, Дејан Недев – каратист на векот во РМ, повеќекратен европски и светски шампион, Аљоша Недев – светски шампион, Кристијан Кајчевски – европски вицешампион, Јадранка Недева – повеќекратен европски и светски шампион, Благојче Андреевски – носител на повеќе медали на ЕШ и СШ, Матеј Ангеловски – светски шампион и европски вицешампион, Мила Саздова, Берта Милевска и Антонија Белазелковска – иднината на македонското карате.
Јубилејот ќе се одбележи на 30 септември и 1 октомври со карате семинар во Скопје со светските карате легенди, браќата Илија и Владимир Јорга.
Овој голем настан ќе се одбележи и со академија на 1 октомври. Ќе бидат наградени сите каратисти кои придонеле за развој на карате спортот во Македонија.
Исто така по повод јубилејот ќе биде изработена и монографија со многи слики и текст за „50 години карате во РМ или половина век исполнет со успеси“.
The post Јубилеј за паметење – МТКФ прославува 50 години карате во Македонија (фото) appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico