Повик за работилница за радио водители на Радио МОФ

Сподели

Радио МОФ распишува повик за учесници на дводневна работилница за радио водители, на кој ќе предава Кристина Стојчиќ (Петар за појадок и пауза, Метрополис Радио.). Преку запознавање на онлајн радиото како современ медиум и Радио МОФ како медиум кој првенствено им служи на младите, уметноста и помалку слушнатите членови на општеството, основната цел на работилницата е да ги научи учесниците на основните вештини потребни за водење на радио емисија, но и да ги инспирира да разработуваат теми кои ретко се наоѓаат во класичните, мејнстрим медиуми.

Во текот на работниот процес, учесниците ќе бидат повикани и мотивирани  да споделуваат идеи, да работат индивидуално и во групи и конечно, да разработат концепт за сопствена емисија.

Работилницата преку теоретска и практична работа ќе има за цел да ги обучи учесниците како да креираат интересни содржини за радио емисија, да уредуваат и да спроведуваат онлајн кампањи кои би привлекле поголема слушаност (користење на дигитални алатки и социјални медиуми, гостувања, планирање на содржините за одредена публика итн.).

Обуките ќе се реализираат на 2 и 3 септември во Радио МОФ, каде учесниците ќе имаат можност да видат како функционира секојдневната работа, снимањето и емитувањето на емисиите. Бројот на учесници е ограничен, a учеството е бесплатно. Обуките ќе се одвиваат на македонски јазик.

После спроведената обука, со помошта на новинарите и техничарите од Радио МОФ, учесниците ќе имаат можност да осмислат и водат сопствена тематска или музичка емисија.

Сите заинтересирани треба да аплицираат најдоцна до 31-ви август 2017 со испраќање целосно пополнет формулар на следниот линк. За повеќе информации обратете се на petar_antevski@mof.org.mk или контактирајте ја организацијата на: 02/3139 692. Потврда за учество ќе им биде испратена на одбраните учесници по истекот на рокот за пријавување непосредно пред почетокот на тренинзите.

radiomof.mk