Средба КОЅИАС – ДИМИТРОВ: Со зајакнување на довербата до решавање на проблемите

Сподели

Министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас, денеска остварија средба на која Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас изјави дека Грција со своето искуство ќе ѝ помага на Македонија во евроатлантските интеграции, бидејќи, како што кажа на заедничката прес-конференција со македонскиот колега Никола Димитров во МНР, влегувањето на Македонија во НАТО ќе биде олеснување за развојот на двете држави.

Димитров кажа дека со Коѕиас разговарале за разликите со името, но и за тоа како ќе се одвива процесот на решавање на проблемот.
„-Разговаравме за процесот. Како ќе се одвива процесот, за методите и модалитетите, но разговаравме и за тоа што се точно интересите и грижите на двете страни по ова прашање со цел да има поголемо разбирање во однос на тоа како двете страни го перцепираат проблемот“, рече македонскиот министер за надворешни работи.

На средбата двајцата министри разговарале за мерките за градење доверба, за унапредување на односите во делот на полициската соработка и безбедноста, во сферата на образованието, економијата.