Собранието вчера со 43 гласа „за“, 56 гласа „против“ и ниту еден воздржан, ја отфрли интерпелацијата за министерот за надворешни работи Никола Димитров поднесена од пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои го обвинија Димитров за кариеризам.
Собранието на Република Македонија денеска во 16 часот треба да ја продолжи седницата на која на дневен ред се интерпелациите за работата на министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и за труд и социјална политика Мила Царовска, поднесени од пратениците од опозицијата.