Груевски се појави на судењето за „Шамарите во Центар“

Сподели

Никола Груевски, пристигна на денешното судско рочиште за случајот поврзан со шамарите во Општина Центар.

Тој е првообвинет во случајот, а покрај него во судот се наоѓаат и екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски и пратеничката и поранешна членка на советот во Центар, Даниела Рангелова.

За случајот со нарачаните шлаканици, СЈО поднесе обвинителен предлог на 15 септември минатата година.

Претходното рочиште во јуни беше одложено бидејќи списите на предметот се во Апелациониот суд, откако СЈО поднесе жалба на казните од по 2 илјади евра за обвинителките Катица Јанева и Фатиме Фетаи за непочитување на судот и судијката Михајлова.

Пред лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, пристигнаа и обвинителите од СЈО, Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски. Таму е и актуелниот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски, а пристигнаа и десетина вработени во Општината кои најверојатно ќе бидат сведоци.

Во случајот како докази ќе се користат и „бомбите“. Првин Кривичниот суд ги одби, но по жалбата на СЈО, Апелација пресече дека ќе важат за докази.