Министерството за култура достави предлог на седница на Владата оваа година да не биде доделена наградата „23 Октомври“.
Владата го усвои предлогот врз основа на информацијата дека на комисијата за доделување оваа награда мандатот ѝ завршил во февруари оваа година и дека претходната влада не повела постапка за формирање нова.
Поради оваа ситуација, биле пробиени и сите други рокови за пријавување кандидати за оваа награда.